Достапни линкови

Вељаноски напладне ќе ги распише предвремените избори


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска напладне ќе ги распише предвремените парламентарни избори за 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори, по вчерашното распуштање на Парламентот. Собранието вчера со 117 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан изгласа распуштање на актуелниот пратенички состав.
Иницијативата за предвремени избори во Парламенот во саботата ја поднесе пратеничката група на ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на ДУИ го подржаа и опозициските СДСМ и ДПА, како и другите помали политички партии.
Ова ќе бидат трети предвремени парламентарни избори во Македонија.
XS
SM
MD
LG