Достапни линкови

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за санкции против Русија


Лидерите на ЕУ ќе разговараат денеска дали да воведат санкции против Москва поради испраќањето трупи во украинскиот регион Крим. Итниот самит во Брисел доаѓа еден ден по малиот напредок во разговорите во Париз, на кои учествуваа министри од Украина, Русија, Велика Британија и од Франција. Во меѓувреме, тензиите во Крим меѓу проруските сили и украинската армија и натаму се високи. Претставникот на ОН бил присилен да го напушти Крим откако се соочил со разлутена проруска толпа. Во источниот град Доњецк проруските демонстранти ја вратија контролата врз зградата на регионалната администрација.
XS
SM
MD
LG