Достапни линкови

НАТО ги суспендира сите состаноци со руски претставници


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата ги суспендира состаноците со руски претставници и оти ќе ги преиспита сите односи со Русија. Изјавата на Расмусен доаѓа во време на тензии меѓу Западот и Русија околу случувањата во Украина, особено поради присуството на вооружени проруски сили на полуостровот Крим. Расмусен додаде дека Алијансата засега нема да одржува состаноци со руски претставници, но оти ќе го зголеми ангажманот со украинското цивилно и воено раководство.
Тој истакна дека суспендирањето на соработката со Русија ги вклучува и плановите за заедничка мисија за уништување на сириското хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG