Достапни линкови

Продолжуваат дипломатските напори за решавање на кризата во Украина


Американскиот Државен секретар Џон Кери изјави дека дипломатските напори за решавање на кризата во Украина ќе продолжат и во наредните денови. Кери говореше вчера во Париз, по денот исполнет со разговори во кои учествуваа министри од Украина, Русија, Британија и Франција.
Кери го опиша состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како „груб“, додавајќи оти повторно ќе се сретнат денеска во Рим. Во Париз, Лавров одбил да се сретне со својот украински колега.
XS
SM
MD
LG