Достапни линкови

Почна судењето на зетот на Осама Бин Ладен


Сулејман Абу Гаит

Сулејман Абу Гаит

Вчера во федералниот суд во Њујорк почна судењето на зетот на Осама Бин Ладен, Сулејман Абу Гаит. Тој се изјасни дека е невин во врска со обвиненијата за заговор за убиство на Американци по нападите од 11 септември 2001 година. Американскиот заменик-обвинител Николас Левин изјави дека Абу Гаит по нападите бил поставен за десна рака на Бин ладен и оти Бин Ладен побарал од него да го испорача убиствениот декрет на Ал Каеда до целиот свет.
Адвокатот на Абу Гаит изјави дека американската влада нема докази оти неговиот клиент бил свесен за заговорите против Американци.
Абу Гаит беше испорачан од Турција во САД во минатата година. Тој е роден во Кувајт и е оженет за најстарата ќерка на Осама Бин Ладен, Фатима.
XS
SM
MD
LG