Достапни линкови

logo-print

Времето променливо со повремени врнежи


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а на планините со локален снег.
Утринската температура се движи од нула до пет, а дневната ќе биде од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

До утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со повремен локален снег.

За време на викендот и почетокот на наредната недела ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика заладување и опаѓање на температурата. В недела температурата ќе се движи од шест до 13, а в понеделник од четири до 10 степени.
XS
SM
MD
LG