Достапни линкови

logo-print

Кери побарал од Лавров директни разговори меѓу Москва и Киев


Париз 05.03.2014

Париз 05.03.2014

Американскиот државен секретар Џон Кери на денешната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, повикал на директни преговори меѓу Русија и Украина за смирување на тензиите. Кери и лавров имале кратка средба на маргините на конференцијата за Либан во Париз. Ова е прва директна средба меѓу Кери и Лавров откако руските трупи влегоа на Крим. Инаку, на конференцијата во Париз, во врска со ситуацијата во Украина, одвоена размена на мислења имало и меѓу шефовите на дипломатиите на Соединетите Држави, Русија, Велика Британија, Франција и Германија.
XS
SM
MD
LG