Достапни линкови

Во Доњецк повторно се вее руско знаме


Про руски демонстранти денеска упаднале во административната зграда во источниот украински град Доњецк. Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа, демонстрантите го пробиле полицискиот кордон, влегле во зградата и го развиориле руското знаме. Нема извештаи за евентуални повредени. Истиот објект, про-руски демонстранти го држеа неколку дена, но денеска претпладне полицијата успеа да ги убеди да го напуштат. Меѓутоа, вечерва на објектот повторно се вее руско знаме.
XS
SM
MD
LG