Достапни линкови

Ердоган: ќе се повлечам ако загубам на локалните избори


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ако неговата партија не освои најмногу гласови на локалните избори на 30 март, тогаш тој ќе се повлече од политиката. „Ако Партијата на правдата и развојот не биде на прво место на локалните избори, јас ќе си заминам од политиката“, рече Ердоган на денешната прес конференција. Истражувањата на јавното мислење даваат различни резултати за рејтингот на партијата на Ердоган. Според некои таа ќе освои над 45 насто од гласовите, а други сметаат дека поддршката за неа ќе биде под 40 проценти. Владата на Ердоган во последните месеци ја тресе голем корупциски скандал по започнатата антикорупциска истрага на 17 декември.
XS
SM
MD
LG