Достапни линкови

Лавров: февруарскиот договор за Украина се уште важи


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека договорот што беше постигнат во минатиот месец со посредство на Европската унија треба да биде основа за стабилизирање на состојбата во Украина. Во изјавата што Лавров и ја пренел на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во Мадрид се оценува дека договорот ги има предвид интересите на сите региони во Укрина, формирање влада на национално единство и разоружување на илегалните единици. Ештон денеска во Киев ќе разговара со привремената украинска влада, а Сергеј Лавров во Париз со американскиот државен секретар Џон Кери. Вчера претседателот Барак Обама изјави дека руското навлегување на Крим е акт на агресија. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин демнатираше дека руски сили биле вклуечни во операциите на полуoстровот.
XS
SM
MD
LG