Достапни линкови

Kонференција за истраги поврзани со корупција


Јавни обвинители и инспектори од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, денеска и утре во Скопје ќе учествуваат на Регионалната конференција за перење пари и истраги поврзани со корупција. Целта на конференцијата е да се подобри толкувањето на договорите и конвенциите за време на меѓународните истраги и судења, за да се добијат докази и да се конфискуваат криминалните добра, да се добие познавање за развојот со полето на перење пари на меѓународно ниво, да се истражат стратегиите кои се достапни на полицијата и обвинителите за време на истрагата и судењето и да се разменат искуства и техники помеѓу учесниците.
XS
SM
MD
LG