Достапни линкови

Седница на Собранието за предлог-одлуката распуштање


Собранието денеска на пладне ќе одржи седница за предлог-одлуката за распуштање. Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници. Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе Демократската унија за интеграција откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори.
XS
SM
MD
LG