Достапни линкови

Пендаровски официјално избран за претседателски кандидат на СДСМ


Професорот Стево Пендаровски едногласно беше избран за кандидат за претседател на СДСМ и коалициските партнери на 16-тиот Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз. „Првата моја задача ќе биде да го вратам достоинството и важноста на функцијата Претседател на Република Македонија. Во изминативе пет години таа важна институција доживеа деградирање без преседан во поновата историја“ рече Пендаровски. Петтите претседателски избори во Македонија се закажани за 13-ти април. На вториот круг од изборите на 27 април во земјата ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG