Достапни линкови

Кери во Киев го осуди актот на руската агресија


 during their meeting in Kyiv, March 4, 2014

during their meeting in Kyiv, March 4, 2014

Кери во Киев со поддршка на Украинците во нивната желба за слобода. Кремљ соопшти дека Русија и Кина имаат „блиски“ ставови за Украина.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Киев го осуди актот на руската агресија врз Украина и изјави дека дипломатијата и респектот за сувереноста, а не унилатералната сила можат да го решат спорот во земјата.

Тој додаде дека САД не бараат конфронтација во Украина, туку преферираат тензиите со Русија да се намалат преку почитување на меѓународното право. Кери исто така, порача дека САД се заедно со народот на Украина и нивната желба за слобода.

Тој изрази почит за воздржаноста на привремените украински власти по руската инвазија.

Американскиот државен секретар Џон Кери, инаку во Киев разговараше со новото украинско раководство за надминување на кризата во таа земја. Веднаш по пристигнувањето, Кери изјави дека Соединетите Држави ќе и обезбедат економска и техничка помош на Украина.
Американскиот дипломат изјавил и дека администрацијата на Обама ќе бара од Конгресот да одобри милијарда долраи кредитни гаранции за помош на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Јинпинг денеска разговараа за ситуацијата во Украина.

Според Кремљ, позициите на двајцата лидери биле блиски. Тие изразиле надеж дека чекорите преземени од руското раководство ќе овозможат намалување на напнатоста, и ќе обезбедат сигурност на граѓаните кои зборуваат руски на Крим и во источните региони на Украина.

Русија и Кина имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG