Достапни линкови

Кери: унилатерална сила не го решава спорот во Украина


Џон Кери во Киев

Џон Кери во Киев

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Киев го осуди актот на руската агресија врз Украина и изјави дека дипломатијата и респектот за сувереноста, а не унилатералната сила можат да го решат спорот во земјата.
Тој додаде дека САД не бараат конфронтација со Русија, туку преферираат тензиите да се намалат преку почитување на меѓународното право. Кери исто така, порача дека САД се заедно со народот на Украина и нивната желба за слобода. Тој изрази почит за воздржаноста на привремените украински власти по руската инвазија.
XS
SM
MD
LG