Достапни линкови

Вечер во Скопје конгрес на СДСМ


СДСМ вечер во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 16-от Конгрес под мотото „Македонија заслужува претседател“ на кој се очекува да биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.
На почетокот на Конгресот обраќање пред присутните ќе има лидерот на партијата Зоран Заев, по што ќе следува работниот дел. По неговото завршување, како што информира СДСМ, ќе се обрати партискиот кандидат за претседател на Република Македонија.
Пендаровски формално ќе биде кандидиран со поддршка од 30 пратеници на СДСМ.
XS
SM
MD
LG