Достапни линкови

Филе во посета на Грузија, во знак на подршка


Евро-комесарот за проширување Штефан Филе и изрази подршка на Грузија во напорите за поблиски врски со Европската Унија. Филе, денеска во Тбилиси, по разговорите со неговите домаќини, истакна дека Унијата има предвид серија мерки за помош на Грузија доколку нејзината намера за поблиски врски со Унијата биде изложена на притисоци. Додека меѓународната заедница со се поголема загриженост гледа на настаните во Украина, се потсетуваме дека однесувањето на Русија и во Грузија е прашање кое предизвикува загриженост.
XS
SM
MD
LG