Достапни линкови

Невработеноста во Шпанија се намалува


Според најновите податоци, невработеноста во Шпанија се намалила, за прв пат во последниве 5 години. Иако, намалувањето на невработеноста е минимално, односно, за околу 2000 помалку регистрирани невработени, тоа се смета за показател дека шпанската економија почнува да заздравува. Инаку, невработеноста во Шпанија изнесува 26 отсто, втора највисока во Европската Унија по Грција.
XS
SM
MD
LG