Достапни линкови

logo-print

Путин: Употребата на сила е последна опција


Рускиот претседател Владимир Путин, на денешната прес конференција во Москва, изјави дека промената на власта во Украина е неуставнa и насилнa, додавајки дека Виктор Јанукович сеуште е легитимиен претседател на Украина. Путин нагласи дека ја разбира потребата на украинскиот народ за промени, но оти нелегалните смени не треба да се охрабруваат. Употребата на сила е последниот избор, таа опција останува, но во моментов не е потребна, изјави Путин, потенцирајки дека руското воено присуство на Крим е легитимно и од хуманитарни причини, но оти руските сили нема да бидат рамнодушни доколку бидат нападнати руски граѓани.
XS
SM
MD
LG