Достапни линкови

Хиперпродукција на закони, непочитување меѓу пратениците, нетолерантноста, навреди, без дебата. Вака работеше овој парламентарен состав, најчесто слушајќи ја извршната власт, коментираат познавачите.

Овој состав на Парламентот го карактеризира хиперпродукција на закони, а може да се забележи дека скоро исклучиво ја слушаше извршната власт и со тоа се деградираше како една од трите власти во државата, коментира професор Здравко Савески.
Од сето ова може да се заклучи дека овој состав на парламентот, не беше на висина на својата задача. Зад својата хиперактивност ја затскриваше својата тотална потчинетост на извршната власт.

Како причина за лошата перцепција на Парламентот, Савески ги наведува и случувањата од 24 декември и потсетува дека дополнително негативно светло фрла и непостоењето на меѓусебно почитување меѓу пратениците, нетолерантноста и нивото на навреди.

„Од сето ова може да се заклучи дека овој состав на парламентот, не беше на висина на својата задача. Зад својата хиперактивност ја затскриваше својата тотална потчинетост на извршната власт и ако продолжи овој тренд на себе абдејтирање на Собранието, тогаш не може да се каже дека тоа е поволно за демократските процеси во Македонија.“
Освен декларативно дека сме за ЕУ и за НАТО, никогаш не се отварање дебата како до НАТО и како до Европска унија, Собранието не ги дискутираше темелно.

И политичкиот аналитичар Исмет Рамадани го гледа Парламентот како сервис на владата и е особено незадоволен што е покажана незрелост за политички дебати. Таа хиперпродукција на закони не значи дека има високо ниво на квалитет, реагира Рамадани.

„Освен декларативно дека сме за ЕУ и за НАТО, никогаш не се отварање дебата како до НАТО и како до Европска унија, Собранието не ги дискутираше темелно.“

Меѓутоа најновата битка за место во Парламентот според најавите од политичките партии треба да биде поинтересна од претходните. ДУИ бара главната приказна во наредниот состав во Парламентот да бидат НАТО и евро интеграциите на земјата. Здравко Савески вели дека декларативно овие теми се апсолутен хит како на пратениците од власта така и на опозицијата, но не верува дека нешто ќе се смени. Последната трка за битка во Парламентот тој ја гледа низ призмата за тоа каква ќе биде неговата структура.

„Таа тема во крајна линија се сведува дека сите носечки прашања во Македонија треба да бидат исполнети и само по себе тоа се сведува на една тафтологија, која се кажува во јавности и која нема некоја посебна апликативност за работата на Собранието.“

Слично размислува и Рамадани. Што ќе биде приоритет во работата на Парламентот зависи од евентуалните партии кои ќе го формираат мнозинството и кои приоритети тие ќе ги наметнат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG