Достапни линкови

Ако луѓето се незадоволни би требало сè помалку да излегуваат на избори, но со активностите на политичките партии на терен ни тоа не се случува, луѓето сега мораат едноставно да излезат затоа што некој тоа го бележи, вели Александар Цветкоски од АГТИС.

Кој што прави ние на избори, речиси и да нема година, а да не се гласа, велат граѓаните. Тие сè повеќе се воздржани кон обврската да гласаат, оти, како што велат, од изборите ќар имаат само политичарите.
Кога ќе дојде гласањето сите трчаме, мислиме дека ете, ќе се смени нешто, ќе има трета опција што ќе ги послуша луѓето, ама мислам дека не, кога ќе дојдат на власт се исти.

„Кога ќе дојде гласањето сите трчаме, мислиме дека ете, ќе се смени нешто, ќе има трета опција што ќе ги послуша луѓето, ама мислам дека не, кога ќе дојдат на власт се исти.“

„Без разлика која партија е на власт, едно ветуваат, друго работат. Политика не ме интересира воопшто, не сум член на ниедна партија.“

„Што ќутиме, што трпиме ние народот? Ќе биде, ќе биде, ама не биднува ништо, а да се дигнеме, да кажеме дека вака веќе не оди, оваа голема сиромаштија, оваа голема бедотија кај нас.“

„Овде нема ни минимум праг на толеранција кон народот, удри по народот, изгледа и на народот му е убаво така, добро го тепаат, добро го работат и убаво му е“, велат анкетираните граѓани.
Луѓето би требало по некоја логика сè помалку да излегуваат на избори ако не се задоволни или ако мислат дека постои опсежна партизација во една држава. Еве, со активностите на политичките партии на терен ни тоа не се случува.

Неколку агенции за испитување на јавното мислење веќе излегоа со свои предвидувања за резултатите од изборите. Во зависност од тоа кон која страна тежнее институтот што ги врши анкетите, резултатите се движат од власта неприкосновено води, до опозицијата го презема кормилото, но во едно се поклопуваат, за бројот на неопределени гласачи. Иако македонското општество важи за партизирано до коска, со години овој број изнесува околу 30 отсто од гласачкото тело.

Постојат повеќе причини зошто гласачите апстинираат од избори, некои не се заинтересирани за политика, други сметаат дека нивниот глас не менува ништо, трети се плашат од изјаснување, а и слабата политичка понуда си го прави своето. Секако улога играат и честите избори, кои ги презаситуваат граѓаните. Но, како се ближи денот на избори, така се топи бројот на неопределени, велат аналитичарите.

„Луѓето би требало по некоја логика сè помалку да излегуваат на избори ако не се задоволни или ако мислат дека постои опсежна партизација во една држава. Еве, со активностите на политичките партии на терен ни тоа не се случува, значи луѓето сега мораат едноставно да излезат затоа што некој тоа го бележи“, вели Александар Цветкоски од невладината АГТИС која со години ги следи изборните процеси.

Овие предвремени парламентарни избори, се трети по ред предвремени избори распишани од иста власт. Првите предвремени избори Груевски ги распиша пролетта 2008 година, вторите предвремени се одржаа во 2011.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИK), најголем процент на одѕив имаа парламентарните избори во 2002 година, кога гласале над 73 проценти од избирачите. Висок процент на одѕив имаше и на последните парламентарни избори во 2011 година, кога бројката стигна до 63,5 отсто. На последните локални избори минатата година, според ДИК, излезноста изнесуваше 67 проценти, на претходните локални избори во 2009 година излезноста беше 54,6 отсто, во 2005 година 49,8 отсто. Најголема излезност досега била забележана на референдумот за независност во 1990 година, од 75,7 проценти.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG