Достапни линкови

Рускиот опозиционер Навални во тотална изолација


Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во домашен притвор во Москва, доби наредба и да носи електронска алка. Судот во Москва, во петокот одлучи Навални да биде во домашен притвор до 28-ми април, кога треба да продолжи судскиот процес против него и неговиот брат Олег во врска со финансиски малверзации. На Навални исто така му е забрането да користи интернет и да се појавува на медиумите или да дава изјави.
XS
SM
MD
LG