Достапни линкови

logo-print

Путин нареди да се повлечат трупите од воената вежба во близина на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин нареди сите војници кои учествуваа во изненадувачките воени вежби во близина на Украина да се вратат во своите бази. Руските новински агенции го цитираат портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дека вежбите биле успешни. Путин нареди вежби низ западниот дел на Русија минатата недела поради високите тензии во Украина по соборувањето на про-рускиот претседател Виктор Јанукович. Официјални лица јавија дека на вежбата учествувале околу 150.000 војници, околу 900 тенкови, и голем број на авиони и воени бродови. Москва негираше дека тие биле поврзани со кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG