Достапни линкови

Молдавија е загрижена во врска со настаните во Украина


Молдавскиот премиер Лури Леанка изрази "длабока" загриженост поради превирањата во Украина. Говорејќи на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Џон Кери во Вашингтон Леанка рече дека Молдавија е загрижена околу отцепениот регион на Трансдњестар. Кери вети континуирана американска поддршка за Молдавија. Молдавија се очекува да потпише договор за асоцијација со Европската унија кон крајот на оваа година.
XS
SM
MD
LG