Достапни линкови

Француските научници откриле гигантски вирус во сибирскиот мраз


Француски научници велат дека оживеале гигантски вирус кој бил заклучен во сибирскиот мраз повеќе од 30.000 години. Според еден документ објавен во американското списание"Зборникот на Националната академија на науките," вирусот, кој не претставува опасност за луѓето, бил пронајден во 30-метри длабоката трајно замрзната почва земена од крајбрежната тундра во Чукотка . Тестовите покажаа дека новооткриениот вирус, наречен Pithovirus sibericum, напаѓа едноставни едноклеточни организми, амеби, но не е заразен за луѓето. Ко-авторот д-р Шантал Абелгер рече: "Тој доаѓа во клетката, се множи, и ја убива ". Научниците велат дека нивната работа покажува дека другите посмртоносни патогени закопани во замрзната почва вируси може да се разбудат од глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG