Достапни линкови

Русија: Јанукович барал распоредување руски трупи во Украина


Русија соопшти дека соборениот украински претседател Виктор Јанукович официјално побарал од Москва да распореди руски војници за повторно да се воспостави ред и закон во неговата земја. Рускиот амбасадор во ООН, Витали Чуркин ова го соопшти во понеделникот на итниот состанок на Советот за безбедност. Чуркин изјави дека Јанукович, кој побегна во Русија, испратил писмено барање до рускиот претседател Владимир Путин во саботата. Американскиот и британскиот амбасадор во ОН, изјави на сесијата дека Русија влегла на Украина со лажен изговор.
XS
SM
MD
LG