Достапни линкови

logo-print

Во Хаг случај Хрватска против Србија и обратно


Хрватска денеска во Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја обвини Србија дека и натаму ја негира својата улога за геноцидот извршен во почетокот на деведесетите години. Според хрватскиот претставник на процесот, ниту новите власт во Србија немале волја да се соочат со вистината. Хрватска во 1999 година ја тужеше Србија за геноцид, односно за етничко чистење при распадот на поранешна Југославија. Белград одговори со контратужба, односно дека Загреб со воена офанзива протерала над 200 илјади срби од Хрватска. Се очекува сослушувањето да заврши во почетокот на идниот месец.
XS
SM
MD
LG