Достапни линкови

logo-print

Рилкоски: решавање на некои прашања пред распуштање на Собранието


Никола Рилкоски

Никола Рилкоски

Претседателот на Државната изборна комисија Никола Рилкоски апелираше до Владата и Министерството за правда во наредните два дена, до најавеното самораспуштање на Собранието, со измени во Изборниот законик да решат некои, како што рече, дискутабилности што ќе се појават со паралелниот тек, а различен старт на претседателските и на предвремените парламентарни избори. Тој на денешната прес конференција ги повика политичките партии да најдат компромис за тие прашања Дискутабилно, според него, е тоа што во време на изборен молк за претседателските избори, кои ќе се одржат на 13 април, ќе тече кампањата за парламентарните. Исто така, дискутабилно е и што ќе се измешаат и роковите за медиумско рекламирање на кандидатите.
XS
SM
MD
LG