Достапни линкови

ДУИ: предвремени избори за решавање на спорот со името


Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграцијa.

Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграцијa.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска разговараше со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Ралф Брет. Притоа, како што соопшти оваа партија, е наведено дека ДУИ смета оти оддржувањето на предвремени парламентарни избори ќе придонесе за изградба на сите предуслови за започнување на процесот на решавање на спорот со името. Втор аргумент, во врска со оваа одлука на ДУИ е отсуството на политичка храброст за да се продолжи на патот на помирување и консензус меѓу двете најголеми заедници во земјава. Консенсуалниот Претседател е принцип кој што ќе го помогне помирувањето и затоа ДУИ ќе продолжи со напорите за реализација на овој стремеж. Али Ахмети наведе дека ДУИ не бара мандат против никого, туку поддршка за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, за имплементација на Охридскиот Договор и економски развој.
XS
SM
MD
LG