Достапни линкови

logo-print

Лавров: војниците се за заштита на Русите на Крим


Сергеј Лавров, Женева, 03.03.2014.

Сергеј Лавров, Женева, 03.03.2014.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска на седница на Советот на Обединетите нации за човекови права во Женева изјави дека руските војници влегле на Крим за да ги заштитат Русите кои живеат на полуостровот. Тоа, според него, било неопходно се додека не се нормализира политичката ситуација во Украина. Тој го обвини новото украинско раководство за кршење на правата на малцинствата, додавајќи дека украинските ултранационалисти контролирале многу делови на земјата. Лавров остро ги критикуваше западните закани за санкции и бојкоти спрема Русија.
XS
SM
MD
LG