Достапни линкови

logo-print

Договорот со Иран се спроведува


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано денеска во Виена оцени дека нуклеарниот договор меѓу Иран и шестте светски сили се спроведува според планираното. Тој смета дека мерките преземени од Иран претставуваат позитивен чекор напред, но оти останале извени работи кои треба да бидат завршени. Амано додава дека на Агенцијата и недостигаат уште 2 милиона долари за дополнителната работа во врска со верификацијата на спроведеното од Техеран за запирање на процесот за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG