Достапни линкови

ОБСЕ сака да испрати посматрачи во Украина


ОБСЕ сака да испрати мисија која ќе спроведе истрага за инцидентите во таа земја, изјави денеска во Женева, претседавачот на оваа организација Дидие Буркхалтер. „Во поглед на состојбата на човековите права, ја охрабрувам украинската влада да побара од Канцеларијата за демократски институции и човекови права испраќање мисија да ги утврди фактите и околностите поврзани со инцидентите што се случија во Украина“, изјави Буркхалтер. Претходно во Виена Соединетите држави побараа итно испраќање посматрачи на ОБСЕ во Украина.
XS
SM
MD
LG