Достапни линкови

Најмногу коментари за изборите и медиумите


Премиерот Никола Груевски на Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат.
Премиерот Никола Груевски на Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат.

Претстојните претседателски и вонредни парламентарни избори, состојбата на медиумите и извештаите за човекови права предизвикале најмногу коментари на нашатата интернет страница.

Откако премиерот ја прифати, како што рече, фрлената ракавица од ДУИ, сега е сигурно, во вториот круг од претседателските ќе се „спровнат“ и оние вонредните, за народните избраници во Собранието.
Претстојните избори прилегаат на приватна забава организирана за задоволување на лични интереси платена од наши, народни пари.
Коментар на читател.

На Бургија претстојните избори му прилегаат на приватна забава организирана за задоволување на лични интереси платена од наши, народни пари. За Правда „тоа со консензуалниот претседател беше само глупава глума“. Перо, пак, прашува каде била опозицијата досега со барањата изборниот законик да претрпи уште измени и да се прочисти избирачкиот список и смета дека трчајќи по морковот, умешно поставен од позицијата, опозицијата секогаш го јаде стапот, а со тоа и сите ние, за жал, вели. Незабеган напишал: „Во Струмица - карневалска парада, во Скопје - карневалска претседателска пародија од конвенцијата на ДПМНЕ!“
Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски.
Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски.

По неделното интервју на Радио Слободна Европа со претседателот на новата Агенција за аудиовизуелни и медиумски услуги, Зоран Трајчевски, бран резигнирани ваши реакции околу објективноста на изјавеното во врска со слободата на новинарството и на медиумите во земјава.
Зошто постојано паѓаме на ранг-листите и зошто секој извештај е сè подолг во делот за медиумите.
Коментар на читател.

И по оваа тема се јавил Бургија кој реагира на зборовите на Трајчевски дека странците што ја оценуваат состојбата на медиумите во Македонија биле главно од невладини организации и го прашува дали за него и Стејт депарментот и ЕУ се невладини организации. Незабеган пишува дека воопшто не ги гледа „независните“ Канал 5, Сител и сега Алфа и препорачува дека денес, со интернетот, секој може сам да избира што ќе чита или гледа. Перо прашува зошто постојано паѓаме на ранг-листите и зошто секој извештај е сè подолг во делот за медиумите. Стојан вели: Влада којашто основа свои „невладини“ организации, којашто формира свои телевизии и радио-станици, којашто затвора медиуми и новинари- не е за верување....

Ифрит и Гоца сметаат дека извештајот на Стејт департментот за состојбата на човековите права во земјава не е објективен, но сите други што испратиле коментари по оваа информација сметаат дека е точен: на Бургија не му се јасни некои поединци кои „како да се паднати од Марс и дојдени на гости, па како ништо да не гледаат“. Правник повикува да се крене гласот за обичниот човек и да им се помогне на обесправените жртви на системот, а Детонатор напишал дека ова што ни се случува е жално, а ние само седиме и гледаме како неми посматрачи...
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG