Достапни линкови

Масовна полициска акција во БиХ против организиран криминал


Илустрација

Илустрација

Во Босна и Херцеговина во тек е опсежна полициска акција против организиран криминал, а над стотина лица се на информативен разговор.
Акцијата со кодно име „Сигурност“ почна точно во шест часот изутрината. Уапсените лица се сомничат за организиран криминал во врска со трговија со дрога, уцени, лихварство и други кривични дела.
Претреси се вршат на 250 локации. Во акцијата учествуваат над 2.000 полицајци, државното и кантонално обвинителство како и сите полициски агенции во Федерацијата БиХ.
XS
SM
MD
LG