Достапни линкови

logo-print

Г7 го откажува учеството на Самитот на Г8 во Русија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Групата Г7, составена од седумте водечки индустриски држави, соопшти дека го откажува учеството во планирањето на меѓународниот самит во Русија.
Белата куќа синоќа издаде заедничко соопштение во име на лидерите на Г7, претседателот на Европскиот совет и претседателот на Европската комисија. Во соопштението се наведува дека руските активности во Украина ги кршат „принципите и вредностите“ по кои работат групите Г7 и Г8.
Тие исто така изразија подршка за напорите на Украина да склучи договор со ММФ за да се одбегне економска криза.
Во групата Г7 членуваат САД, Велика Британија, Франција, Канада, Германија, Италија и Јапонија, а во Г8, и Русија. Наредниот Самит на Г8 треба да се одржи во јуни во рускиот град Сочи.
XS
SM
MD
LG