Достапни линкови

logo-print

Расмусен: Русија да ги повлече своите сили од Украина


Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина и да со воздржи од мешање во другите делови на земјата.

Тој ова го кажа пред новинарите по итниот состанок на Северно-атлантскиот совет во Брисел. По речиси 8-часовниот состанок, Алијансата излезе со соопштение во кое се повикуваат „двете страни веднаш да побараат мирно решение преку дијалог и преку испраќање на меѓународни набљудувачи под покровителство на Советот за безбедност на ОН или ОБСЕ“.

Расмусен претходно рече дека раздвижувањето на руските сили во регионот на Крим во Украина „го загрозува мирот и безбедноста во Европа“ и оти Русија мора да ги прекине воените активности таму.
XS
SM
MD
LG