Достапни линкови

logo-print

Шефот на украинската морнарица под истрага за предавство


Шефот на украинската морнарица Денис Березовски.

Шефот на украинската морнарица Денис Березовски.

Новата влада на Украина отвори случај за предавство против новонаименуваниот шеф на морнарицата Денис Березовски. Тој беше поставен на функцијата во саботата, но премина на руска страна. Вчера руската телевизија прикажа како Березовски се заколна на верност на прорускиот премиер на Крим, Сергеј Аксионов. Официјалните власти во Киев потоа го отпуштија Березовски и отворија случај за предавство против него. Аксионов им наредил на украинските поморски сили на полуостровот да ги игнорираат наредбите од „самопрогласените“ власти во Киев.
XS
SM
MD
LG