Достапни линкови

logo-print

Гравитација со 6 оскари, „12 години роб“ најдобар филм


Драмата „12 години роб“ го доби Оскарот за најдобар филм на ноќешното доделување на наградите во Лос Анџелес. Алфонсо Куарон ја доби статуетката за најдобра режија за филмот „Гравитација“. Најдобар актер е Метју Меконахи за неговата улога во филмот „Клубот на купувачи од Далас“, а оскарот за најдобра главна женска улога отиде во рацете на Кејт Бланшет за филмот „Синиот јасмин“. Филмот „Гравитација“ доби шест оскари – за специјални ефекти, фотографија, монтажа, звук, монтажа на звук и за музика. Филмот „12 гони ропство“ ги доби оскарите за најдобар филм, сценарио и за споредна женска улога.
XS
SM
MD
LG