Достапни линкови

Иранскиот министер за култура е за поголема слобода на интернет


Човек користи Фејсбук во Иран.

Човек користи Фејсбук во Иран.

Иранскиот министер за култура побара поголема слобода на интернетот во исламската република. Министерот Али Џанати вчера изјавил дека правилата за користење интернет во Иран треба да се „прилагодат и ажурираат“ на модерните времиња, пренесе иранската државна новинска агенција ИРНА.

„Не можеме да го ограничиме напредокот под изговор за заштита на исламските вредности“, рекол Џанати и додал дека Иран „не може да продолжи да се изолира од светот“.

Пристапот до популарните социјални мрежи Фејсбук и Твитер во Иран е попречен од големите механизми за филтрирање. Милиони ирански корисници на интернет користат виртуелни приватни мрежи да ги заобиколат ограничувањата.

И покрај забраните, високи ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, претседателот Хасан Рохани и врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, се активни на овие социјални мрежи.
XS
SM
MD
LG