Достапни линкови

Изборите во фокусот на неделниот печат


Фокус, Глобус и Република, секој од свој агол, ја анализираат политичката состојба во контекст на претстојните избори.

Фокус - Зошто Иванов е ’разумен компромис‘ меѓу Груевски и Ахмети
Како ќе набијат цензус без албански гласачи, ем опозиционери кои треба да се луди за евентуално да глумат статисти! Онака, де, како што ВМРО-грујовистичка одигра за Бранко во 2004-та.

Најновиот Фокус во колумната „За нештата да станат појасни“ објаснува „Зошто Иванов е ’разумен компромис‘ меѓу Груевски и Ахмети“, па наведува дека Груевски игра дамин гамбит - жртвува кралица (претседател) за да ја добие партијата (владата). Зашто, вели авторката на колумната, како ќе набијат цензус без албански гласачи, ем опозиционери кои треба да се луди за евентуално да глумат статисти! Онака, де, како што ВМРО-грујовистичка одигра за Бранко во 2004-та. Ако се случи тоа, тогаш тандемот Груевски - Ахмети може да добие гратис уште четири години, а потоа да се промени Уставот за избор на претседател во Собранието. Во таа смисла, опцијата за хуманитарниот Иванов изгледа дури и како „разумен компромис“ - заклучува Фокус, користејќи ја прочуената изјава на истиот тој Иванов за тоа какво треба да биде решението во спорот за името.
Пропаста на претседателските избори би била важен елемент на делегитимацијата и деструкцијата на штеточинскиот режим на надвојводата Шарл.

Глобус - Раде Рогожаров против Ѓорге Иванов

И редовната колумна во Глобус, „Офаманаман“ е посветена на претседателските избори, а е насловена со: „Раде Рогожаров против Ѓорге Иванов“. Глобус, покрај другото, ѝ препорачува на опозициската СДСМ да се откаже од идејата дека во рамките на овој систем може да извојува победа и од таа позиција да ја оправи Македонија. Тие, пишува колумнистот, треба да ја стимулираат и да работат на пропаста на системот и врз тие основи да се борат за спас на Македонија. Пропаста на претседателските избори би била важен елемент на делегитимацијата и деструкцијата на штеточинскиот режим на надвојводата Шарло, смета Глобус.

Република - ВМРО-ДПМНЕ има најмногу причини за избори

Република, како да знае дека Груевски ќе ја прифати ракавицата од ДУИ, како што рече, за предвремени парламентарни избори, темата на неделата ја посветува на причините што владејачката ВМРО-ДПМНЕ и другите помали партии од македонскиот блок ја имаат за одржување предвремени парламентарни. Ја повторува тезата дека СДСМ наводно се плаши од предвремени избори поради седумте изборни порази со оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, а владејачката партија имала најмногу причини „за“, зашто покрај тоа што ќе се избегнела можноста претседателските избори да пропаднат поради непостигнат цензус од 40 проценти, Груевски и неговата партија, ќе го ефектуирале бранот нови инвестиции со кој дополнително ќе се вработеле илјадници луѓе. Ако сега не се одржеле и предвремени парламентарни, цела година до редовните никој не ќе преземал ништо конкретно да работи зашто сите ќе ги чекале изборите. Република ја навестува и можноста Груевски да ги избегне, како што пишува, уцените на Ахмети, па да може да формира влада со новите мали македонски партии, што многумина аналитичари не го сметаат баш за најразумна идеја во македонското мултикултурно општество.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG