Достапни линкови

Антивоени протести и марш за поддршка на Путин во Москва


Московската полиција денеска уапси десетици луѓе кои протестираа против воената интервенција во Украина. Новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на полицијата, објави дека биле уапсени 40 луѓе за „обид за нарушување на јавниот ред и мир“ на протестот во близина на Министерството за одбрана во центарот на Москва. Организацијата Овдинфо, која ги следи апсењата за време на протести, соопшти дека биле уапсени 100 луѓе. Други антивоени протести се одржаа на плоштадот Манежнаја во близина на Кремљ и Црвениот Плоштад, кон кои полицијата го забрани пристапот со кордони и со паркирани автобуси. Според Овдинфо, таму биле приведени околу 30 луѓе. Во меѓувреме во центарот на Москва се одржа марш во знак на поддршка на политиката на Кремљ кон Украина, кој помина без инциденти. Полицијата соопшти дека на маршот учествувале околу 27 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG