Достапни линкови

logo-print

САД ја осудија руската воена интервенција во Украина


САД ја осудија руската воена интервенција на украинска територија и ја повикаа Русија да ги врати војниците во базите во Крим. Белата куќа вчера предупреди дека континуираното кршење на меѓународното право од Москва може да доведе до понатамошна „политичка и економска изолација“. НАТО за денеска свика итен состанок на Северно-атлантскиот совет на кој треба да се разговара за ситуацијата во Украина. Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, на Твитер напиша: „Итна потреба за деескалација на Крим. Русија мора да го почитува украинскиот суверенитет, територијален интегритет и граници.“ Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, ја повика Москва да ги почитува меѓународните обврски, да ги држи своите сили надвор од Украина и да ги промовира своите погледи на „мирен начин“. Министрите за надворешни работи од ЕУ в понеделник ќе одржат итна средба на која ќе се разговара за Украина.
XS
SM
MD
LG