Достапни линкови

Кина се сомнева во Ујгурите за нападот во кој беа убиени 29 луѓе


Кинески претставници ги обвинија сепаратистите од регионот Ксинџијанг на крајниот запад на земјата за вчерашниот крвав напад со ножеви на железничката станица во градот Кунминг во југозападна Кина, во кој беа убиени 29, а 130 луѓе беа повредени. Според извештаите, група напаѓачи облечени во црно упаднале на железничката станица и почнале да ги бодат луѓето со ножеви. Државната новинска агенција Ксинхуа објави дека полицијата убила четворица напаѓачи. Властите соопштија дека тоа бил „организиран, осмислен, насилен терористички напад“. Градските власти од Кунминг соопштија дека доказите од местото на нападот укажуваат на сепаратистите од Ксинџијанг, каде што живее муслиманското ујгурско малцинство. Претседателот Кси Џинпинг повика да се вложат сите напори за истражување на нападот.
XS
SM
MD
LG