Достапни линкови

Пакистанската армија убила петмина милитанти


Илустрација.

Илустрација.

Пакистански безбедносни претставници соопштија дека во денешниот напад со воени хеликоптери биле убиени петмина милитанти во племенскиот регион Хибер на северозападот на земјата. Армијата соопшти дека нападот бил насочен кон упориштето на Мула Таманчеј, кој го наредил вчерашниот напад врз конвој кој превезувал медицински тим за вакцинирање против детска парализа и безбедносни сили, а во кој загинаа 12 луѓе. До нападот доаѓа еден ден откако пакистанските талибанци објавија едномесечен прекин на огнот за да го олеснат продолжувањето на мировните преговори што беа прекинати од владата минатиот месец. Пакистанскиот министер за внатрешни работи Нисар Али Хан предупреди дека армијата ќе одговори на нападите од милитантите.
XS
SM
MD
LG