Достапни линкови

Временска прогноза - Претежно облачно со врнежи од дожд


Илустрација.

Илустрација.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во утринските часови врнежите од дожд понекаде ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, не само на планините. Ќе дува слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб југоисточен ветер и температура до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува повремено облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите од вторник и среда ќе бидат со послаб интензитет, а претежно суво ќе биде кон крајот на работната недела.
XS
SM
MD
LG