Достапни линкови

logo-print

Русија - Парламентот одобри испраќање на војници во Украина


Горниот дом на рускиот парламентот едногласно ја одобри употребата на руски вооружени сили во Украина. Гласањето уследи кусо време откако претседателот Владимир Путин побара од Комората за овластување да распоредат трупи со цел да се заштитат животите на етничките Руси во Украина и на руските вооружени сили стационирани во украинскиот регион Крим. Путин изјави дека руските војници може да останат во Украина се до „нормализација“ на политичката ситуација таму. Претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвијенко рече дека ќе побараат од Путин да го отповика рускиот амбасадор во САД. Изминатава недела, Вашингтон постојано ја предупредуваше Моска да не се меша во украинската криза.
XS
SM
MD
LG