Достапни линкови

Нема руски гас по поволни цени за Укрaина


Русија планира да го запре дотурот на природен гас до Укрина по намалени цени. Руското Министерство за енергетика во саботата изјави дека Кремљ не гледа причина да извезува гас со попуст кој беше договорен со соборениот украинскиот претседател Виктор Јанукович. Претходно денеска, портпаролот на Газпром, Сергеј Купријанов изјави дека Киев може да остане без договорот за попуст, бидејќи има заостанатиот долг. Во декември, Русија се согласи да ги намали цените на гасот за Украина за околу една третина, од околу 400 долари на 268,50 долари за 1.000 кубни метри гас. Договорот за попуст беше направен, откако Јанукович го отфрли потпишувањето на трговски договор со ЕУ. Според Купријанов, Украина моментно до 1, 55 милијарди долари за дотурот на гас во 2013 година и за месеците од оваа година.
XS
SM
MD
LG