Достапни линкови

logo-print

Во Венецуела продолжуваат антивладините протести


Антивладините протести предводени од студентите во Венецуела продоллжуваат. Во насилствата меѓу демонстрантите и безбедносните сили во изминативе две недели загинаа 18 луѓе. На протестите во главниот град Каракас и во другите градови во земјата со околу 30 милиони жители често доаѓа до насилства. Демонстрантите протестираат против недостигот на стоки, високата невработеност, големата инфлација и една од највисоките стапки на насилен криминал во светот. Опозициските лидери ја бојкотираа „мировната конференција“ свикана од претседателот Николас Мадуро, кого демонстрантите го обвинуваат за проблемите во земјата. Мадуро ја презеде власта лани откако почина претседателот Уго Чавез. Властите оваа недела уапсија осуммина припадници на државната служба за разузнавање и ги обвинија за убиство со прекумерна употреба на сила против демонстрантите.
XS
SM
MD
LG