Достапни линкови

Кинеска активистка Цао Шунли е смртно болна


Познатата кинеска активистка за човекови права Цао Шунли, која беше затворен лани наводно е смртно болна и е во болница во Пекинг. Таа беше уапсена во септември по двомесечен престој во зградата на Министерството за надворешни работи во Пекинг, откако не ѝ беше дозволено да патува во Женева на програма за обука за човекови права. Нејзиниот лекар изјави дека Цао Шунли е во кома. Организацијата Човекови права во Кина соопшти дека таа била обвинета за „почнување кавги и предизвикување проблеми“. Организацијата соопшти дека таа имала туберколоза и болести на црниот дроб и дека не ѝ била укажана помош во болница, сè додека не станала сериозно болна. За неколку дена треба да заседава Советот за човекови права на ОН во Женева, каде што Кина беше примена во ноември по низа контроверзи.
XS
SM
MD
LG