Достапни линкови

logo-print

НСДП со поддршка за Пендаровски


Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски.

Централниот одбор на НСДП денеска едногласно одлучи на претстојните претседателски избори да го поддржи кандидатот на коалицискиот партнер СДСМ Стево Пендаровски, соопштија од партијата.

НСДП смета дека Стево Пендаровски е најдоброто решение за петседател кој може да ги заштити и унапреди националните и надворешно политичките интереси на Македонија, стои во соопштението.

Партијата ја усвои и новата изборна програма со која ќе настапи на наредните предвремени парламентарни избори, во која, како што се наведува, нуди нови и оригнални политички, економски и социјални мерки, со кои ќе ја бара довербата на граѓаните.

Со Централен изборен штаб ќе раководи претседателот на партијата Тито Петковски.
XS
SM
MD
LG